Помалку од 60 часа не делат од натпреварот на годината.

Ниту најдобрите режисери неможеа да изрежираат ваков расплет во Групата Б од WABA лигата. За последниот патник во Супер лигата да одлучува меѓусебниот натпревар на нашиот Бадел 1862 и Патризан 1953 во последното, 10-то коло од групната фаза.

Баделки се во бодовна предност, натпреварот се игра на домашен терен. Пред месец и половина вистинска експлозија предизвика победата на баделки во Белград со резултат 73:70, победа којашто ги подгреа надежите за пласман во WABA Супер лигата.

Сега сме на чекор до целта. За историја е потребно да се освои 4-то место во Групата Б, да бидеме подобри од ремонираниот противник.

Баделки играат сезона од соништата. Во домашното првенство се неприкосновени, во WABA лигата одлични. На секој натпревар, и во победи и во порази, оставаат срце на терен, играат со огромна желба, сконцентрирани, мотивирани, за Бадел 1862, за реномето на македонската женска кошарка.

И во Среда во 20:00 во спортската сала Независна Македонија ќе го дадат најдоброто од себе.

Користиме прилика да ги поканиме младите кошаркарки, младинки, сениорки, љубителите на женската кошарка да бидат ветар во грб, 6-ти играч, да им помогнеме на баделки кон остварување на историската цел.

 

💙💛 🇲🇰 ЗАЕДНО ЗА ИСТОРИЈА! 🇲🇰  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

13.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862