Историја на клубот

Основан во 1976 година, како спортски колектив под името ЖКК Влае. Од крајот на 1981 година, делува во рамките на Младинското спортско друштво Скопје. Во 1993 година клубор се преименува во ЖКК Вигор, а спонзор на екипата станува компанијата Бадел 1862 – Скопје.



2021 WABA ШАМПИОНАТ
2022
ЖКК Бадел 1862 (сениорки) - прва победа во WABA Superleague
Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 ја остварија првата победа во WABA Superleague. На 25.01.2022 година, во Скопје, беше совладана екипата на Триглав од Крањ - Словенија со резултат 69:44. Историски гледано, ова е и воопшто прва победа којашто било која македонска екипа ја има остварено против екипа од Словенија.
2021
ЖКК Бадел 1862 оствари историски пласман во WABA Superleague
Во директна пресметка за пласман во WABA Superleague, на 15.12.2021 година во Скопје, ЖКК Бадел 1862 ја совлада екипата на ЖКК Партизан 1953 со резултат 56:48.
2021
ЖКК Бадел 1862 - прва историска победа во WABA League
Гостувањето во Бановиќи, Босна и Херцеговина на 13.10.2021 година со златни букви ќе биде запишано во историјата на ЖКК Бадел 1862. Остварена е првата историска победа на некоја македонска екипа во регионалната WABA League.
2021
ЖКК Бадел 1862 - освојувач на првиот Супер куп
На 25.09.2021 година беше одигран првиот историски Супер куп во македонската женска кошарка помеѓу екипите на ЖКК Бадел 1862 - ЖКК Баскет Кам. Кошаркарките на ЖКК Бадел 1862 со победата од 88:72 се закитија со престижниот трофеј.