Обезбедувањето на квалитетни услови за работа како предуслов за постигнување на врвни резултати во спортот е невозможно доколку не се обезбеди соодветна материјално – финансиската основа.

Чест и задолство ни е да Ви го претставиме нашиот нов поддржувач, кој се погрижи да изгледа нашата клупа елегантно, професионално и модерно.

Добредојде @aen_collectionn во нашето кошаркарско семејство, навистина ни значи поддршката од општествено одговорни компании кои им помагаат на младите во спортот.

ЖКК Бадел 1862 ќе продолжи како до сега, така и во иднина да ја подигнува летвичката на стандарди во женската кошарка!

23.02.2024

ЖКК Бадел 1862