Извонреден натпревар одиграа баделки против силната екипа на Монтана 2003 од Бугарија во рамките на првото коло од Групата Б во регионалната WABA лига.

И покрај скатениот ростер (повредите на плејмејкерите Адамовска и Димитријевиќ), баделки одиграа еден крајно исцрпувачки натпревар. Резултатски го контролираа натпреварот се до почетокот на третата четвртина. Стојановска, Кметовска, Трајчевска и другарките беа во континуирано водство во првото полувреме, го сопреа противникот со добра игра во одбрана и напад. Максималното водство беше +8 поени. На полувреме се замина со резултат 38:35 за сино – жолтиот тим.

Во второто полувреме, заморот ги стигна баделки, што гостинките го искористија за резултатски пресврт. Вистинска драма се случуваше во последните 120 секунди. Гостинките имаа водство од 6-8 поени, Трајчевска поради 5 лични грешки неможеше да им помогне на своите другарки, меѓутоа баделки со промена на одбраната се приближија на 5 поени разлик на 50-тина секунди до крајот. На 30-тина секунди намалија и на 3 разлика. Гостинките не успеаја да поентираат….на баделки им останаа 5.5 секунди, Стојановска се обиде со шут за три поени да го израмни резултатот, но безуспешно.

Наградени беа баделки со голем аплауз на отворена сцена за извонредната партија против силниот противник. Прикажаната игра, енергија, мотивација се порака до останатите противници во Групата Б дека ЖКК Бадел 1862 е квалитетен тим којшто ќе ја одигра својата улога оваа сезона во регионалната WABA лига.

Бадел 1862 – Монтана 2003 74:77 (19:17, 19:18, 10:19, 26:23)

Александра Сојановска – 22 поени, 8 скока, 8 асистенции – индекс 19

Цветанка Димова – 17 поени, 4 скока, 3 украдени топки – индекс 24

Ивана Кметовска – 14 поени, 12 скока, 5 асистенции, 2 украдени топки – индекс 22

Во редовите на Монтана 2003 извонредна партија пружија

Santa Okockyte-Balkojiene со 12 поени, 4 скока и 6 асистенции

Gabriela Nikolova со 15 поени

Mariah King со 15 поени и 8 скока

Dimana Georgieva со 12 поени и 10 скока и

Hristina Ivanova со 12 поени, 5 скока и 7 асистенции

 

Вториот македонски претставник во WABA лигата, ЖКК Баскет Кам, на своето деби во јадранската конкуренција претрпе пораз на домашен терен од екипата на Војводина 021 со резултат 48:100 (24:25, 8:27, 10:32, 6:16).

 

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

29.09.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862