Со денешниот натпревар помеѓу екипите на ЖКК Струга и ЖКК Вардар се комплетира 2-то коло од женската Супер лига. Екипата на ЖКК Вардар ја забележа првата Супер лигашка победа. Гостинките од Скопје славеа со резултат 71:53.

На индивидуален план, во однос на првото коло, нема поголеми поместувања. Повторно кошаркарките на ЖКК Бадел 1862, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, остварија забележителен настап во натпреварот против екипата на ЖКК Крива Паланка.

Нена Трајчевска постигна 24 поени, оствари 7 скока и 7 асистенции, за вкупно 34 индексни поени.

Александра Стојановска постигна 21 поен, оствари 13 скока и 6 асистенции, за вкупо 32 индексни поени.

Како и во претходното коло, своето место во петорката на колото го задржаа и кошаркарките на ЖКК Баскет Кам, Митрашиновиќ (36 поени, 7 скока и 7 асистенции) и Кметовска (18 поени, 10 скока и 5 асистенции). Со својот настап, место во идеалната петорка заслужи и кошаркарката на ЖКК Вардар, Подунавац со 20-те поени и 16 скока, остварени на натпреварот против ЖКК Струга.

 

15.04.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862