Напорен беше овој викенд за нашите екипи до 14 и 18 годишна возраст.
После саботниот двомеч против екипата на Крива Паланка, за период од 24 часа младите баделки го одиграа двомечот против екипата на Баскет Кам на теренот во Македонска Каменица.
Во првиот неделен натпревар сино – жолтата 14-ка беше фуриозна. Да не беше опуштената игра и ротацијата на кошаркарки во последните 10 минути, веројатно разликата ќе беше многу поголема од конечните +41!
Искрени честитки за нашите млади кошаркарки за прикажаното на кошаркарскиот терен!
Сино – жолтата 18-ка, после саботната победа против актуелните шампионки во М18, во временски период од неполни 22 часа го одигра натпреварот против минатогодишниот финалист во М18, екипата на Баскет Кам.
Младите баделки го загубија натпреварот во самиот финиш, откако поради 29-те досудени прекршоци и 50-тината слободни фрлања досудени за домаќинот натпреварот го финишираа буквално без почетната петорка!
На терен го покажаа и докажаа  својот квалитет, големото срце, техничката и тактичка супериорност!
Со чист образ и гордо крената глава нашата 18-ка докажа дека е зрела за највисок пласман!
Искрено им честитаме за прикажаното!
М14:     Баскет КамБадел 1862     28:69  (7:16, 2:22, 4:17, 15:14)
Ива Димитријевиќ 34
Дарија Панкова 22
Вања Милосављевиќ 9
Кјара Атанасова 2
Лина Тошевска 2
М18:     Баскет КамБадел 1862      70:66   (22:12, 17:18, 8:19, 23:17)
Јована Димковска 22
Мила Ѓуковиќ 16
Јана Чолакоска 10
Зара Стојковска 9
Ања Даниловска 5
Дора Алексова 3
Луна Алексова 1

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 СО ЧИСТ ОБРАЗ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

21.11.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862