Breaking news
  1. Јована и Ања се нашите кошаркарски „бисери“ за кои треба да се грижиме
  2. Павловски: Дали ова е почеток на крај на женската кошарка …!?
  3. КФСМ пријави само една млада селекција, Павловски прашува: Дали е ова е почеток на крајот на женската кошарка?
  4. М16: ПОБЕДА ЗА ПРВО МЕСТО И 100% ЕФЕКТ!
  5. ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Сандра Лазареска и Мартина Маркоска, кошаркарки: Нееднаквоста во кошарката сѐ уште е сериозен проблем!СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

ЗА КЛУБОТ

Женскиот кошаркарски клуб БАДЕЛ 1862 е спортски колектив кој повеќе од 30 години со успех опстојува на женската кошаркарска сцена. Основан е далечната 1976. година под името ЖКК ВЛАЕ , а од крајот на 1981 година делува во рамките на Младинското спортско душтво “Скопје” од Скопје, потоа клубот се преименува во ЖКК ВИГОР СКОПЈЕ и од 1993година спонзор на екипата е компанијата Бадел1862  Скопје.

Во 2010година. всушнсот кошаркарките од младинскиот тим, добија шанса во нов основан клуб ЖКК БАДЕЛ КРОАЦИЈА да настапат за првата македонска женска лига и да ги измерат своите сили со останатите екипи но и со своите постари колешки од ЖКК ВИГОР СКОПЈЕ. Во 2011 ЖКК БАДЕЛ КРОАЦИЈА, се преименува во ЖКК БАДЕЛ 1862 и до ден денес продолжува со работа, но од 2013 година името ЖКК ВИГОР згаснува поради име на алкохолен пијалок, но кошаркарките продолжуваат со работа под ЖКК БАДЕЛ 1862 заедно со своите колешки од помладиот тим.

Од тука се развива во добро организиран клуб, кој со текот на времето бележи сé позабележителни резултати. Од неговото формирање до денес клубот има значајна улога во развитокот nа македонската женска кошарка и женскиот спорт воопшто, натпреварувајќи се со успех во првата Б кошаркарска лига во поранешна Југославија, а посебно во самостојна Р.Македонија, каде постојано се наоѓа на врвот на кошаркарската лига за жени

ПРАВЕЊЕ ИСТОРИЈА

Во неговата богата историја, а посебно во последните години женскиот кошаркарски клуб БАДЕЛ 1862, важи за клуб кој претставува непресушен извор на квалитетни кошаркарки и е еден од столбовите на македонската женска кошарка, што го потврдува и фактот дека својата долгогодишна стрплива и напорна работа ја крунисува со освојување на повеќе шампионски титули, како во сениорска така и во младинските лиги на Македонија.

РАКОВОДСТВО НА КЛУБОТ

КВАЛИТЕТ

Потврда на квалитетот е фактот дека поголем број на кошаркарки од нашиот клуб се постојани членови на сите репрезентативни селекции на Р.Македонија, како и тоа дека голем број на наши и поранешни кошаркарки со успех и ден денес настапуваат во реномирани клубови надвор од границите на нашата земја.