Сино – жолтата 18-ка го задржа 100% ефект во годинешното првенство. Попладнево остварена е значајна победа во дерби натпреварот против актуелните шампионки во 18-ка, екипата на Крива Паланка.
Одиграа младите баделки извонреден натпревар, неизвесен од почетокот до крајот. Со остварената победа, баделки ги потврдија амбициите за највисок пласман.
Во предигра на овој натпревар, нашата 14-ка забележа пораз од соодветната екипа на Крива Паланка со резултат 53:68.
Време за одмор нема!
Веќе утре, Недела – 20.11.2022 година, сино – жолтите селекции до 14 и 18 годишна возраст ќе го одиграат двомечот со Баскет Кам во Македонска Каменица.
За 18-ка ова ќе биде втор дерби натпревар за период од 24 часа. Натпреварот ќе започне во 14:00 часот. Во предигра на овој натпревар, со почеток во 12:00 часот, нашата 14-ка ќе го одигра својот натпревар против Баскет Кам.
На нашите млади кошаркарки им посакуваме пријатно патување до Македонска Каменица, добра игра и секако позитивен резултат!
М14:     Бадел 1862 – Крива Паланка     53:68
Дарија Панкова 28
Ива Димитријевиќ 16
Кјара Атанасова 5
Вања Милосављевиќ 4
М18:     Бадел 1862 – Крива Паланка     62:60
Јована Димковска 22
Мила Ѓуковиќ 10
Јана Чолакоска 10
Ања Даниловска 7
Зара Стојковска 7
Елена Алулоска 2
Дора Алексова 2
Нена Китановска 2

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

19.11.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862