Победа на баделки за задржување на 100% ефект во домашното првенство. Вечерва пред налетот на сино – жолтиот тим по трет пат сезонава, втор во првенството, падна минатогодишниот шампион, екипата на Баскет Кам.

Со исклучок на првата четвртина, баделки го контролираа натпреварот и извојуваа заслужена победа за потврда на приматот во домашната женска кошарка.

Извонредниот ден ЖКК Бадел 1862 го надополни со уште две победи, во конкутенциите М14 и М16 против соодветните екипи на ЖКК Струга, победи извојувани после исклучително напорно патување по завеаните патишта и во субстандардни услови во Струга (без електрична енергија, студена сала…).

НАСКОРО ПООПШИРНО

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

11.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862