Пред сениорките на Бадел 1862 е исклучително тешка недела.

Во Сабота ги очекува дерби натпреварот од домашното првенство против екипата на Баскет Кам, а во Среда одлучувачкиот натпревар од WABA лигата за пласман во Супер лигата против директниот конкурент, белградски Партизан.

24 часа остауваат за подготовка за натпреварот против Баскет Кам и уште 72 часа за натпреварот на годината против Партизан.

Натпреварот против Баскет Кам ќе се одигра во Сабота со почеток во 17:00 часот во спортската сала Независна Македонија. Линкот за LIVE STREAM ќе го објавиме во текот на утрешниот ден (Петок).

Натпреварот против Партизан ќе се одигра во Среда со почеток во 20:00 часот исто така во спортската сала Независна Македонија. Обезбеден е директен пренос на националната МТВ.

Ги повикуваме љубителите на кошарката со своето присуство во Независна Македонија да бидат шестиот играч и да помогнат во остварувањето на историската цел за Бадел 1862 и македонската женска кошарка, пласманот во WABA Супер лигата.

 

💙💛 1/1 ЗА WABA СУПЕР ЛИГА!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ!  💙💛

09.12.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862