Пред нас е возбудлив сино – жолт викенд. Саботата е резервирана за настап на ншите М14 и М18 екипи во Кавадарци, додека во Недела свој настап ќе имаа М16 и сениорската екипа на домашен терен во Скопје.

Викендот ќе го отворат најмалите, М14 баделки во Кавадарци против екипата на ЖКК Про Баскет.

Натпреварот ќе се одигра во Сабота со почеток во  11:00 часот во спортската сала Партизан.

Шанса за рехабилитација по минатонеделниот пораз ќе имаат нашите М18 девојки, исто така против екипата на ЖКК Про Баскет во Кавадарци.

Натпреварот ќе се одигра во Сабота со почеток во 13:00 часот во спортската сала Партизан во Кавадарци.

Во Недела, први на теренот во спортската сала Независна Македонија во Скопје ќе истрчаат нашите М16 баделки.

Во рамки на 4-то коло, со почеток во 14:30 часот ќе ја пречекаат екипата на ЖКК Гостивар.

Шлагер на денот и викендот ќе биде сениорското скопско дерби.

Во Недела, со почеток во 17:00 часот, во спортската сала Независна Македонија, ЖКК Бадел 1862 ќе ја пречека екипата на ЖКК Вардар, во рамките на 6-то коло од Прва А лига.

 

💙💛 НАПРЕД КОН НОВИ ПОБЕДИ!  💙💛

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!  💙💛

 

19.11.2021

ЖКК БАДЕЛ 1862