Убава вест за љубителите на женската кошарка. Претстојниот викенд започнуваат возбудувањата во најквалитетната женска кошаркарска конкуренција, Првата А лига.

Започнува новата сезона, сезона во која ќе се добијат одговори на многубројните отворени прашања:

Дали Бадел 1862 ќе ја врати доминацијата?

Дали Баскет Кам ќе ја одбрани титулата?

Дали Вардар, Работнички, Струга ќе успеат да им ги помрсат сметките на Бадел 1862 и Баскет Кам?

Колку високо ќе полета младата екипа на Крива Паланка?

Колкави се дострелите на МЗТ Скопје Аеродром и Про Баскет? ….

 

Натпреварите од првото коло ќе се одиграат на 09 и 10.10.2021 година.

 

09.10.2021 година

16:30     ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Крива Паланка     (спортска сала Независна Македонија)

судии: Ристовски и Ацевски

делегат: Илиевски

LIVE STREAM https://www.youtube.com/watch?v=xjVXoDdrCrI

 

17:00     ЖКК Работнички – ЖКК Струга (спортска сала Градски парк)

судии: Деспотовски и Никочевиќ

делегат: Ников

LIVE STREAM https://www.youtube.com/watch?v=xjVXoDdrCrI

 

 

10.10.2021 година

12:00     ЖКК МЗТ Скопје Аеродром – ЖКК Вардар (спортска сала Независна Македонија)

судии: Филиповски и Ников

делегат: Анастасијевиќ

 

13:00     ЖКК Баскет Кам – ЖКК Про Баскет (спортска сала Кирил и Методиј)

судии: Јовановски и Кестев

делегат: Донев

 

 

НАПРЕД БАДЕЛ!

08.10.2021.

ЖКК БАДЕЛ 1862