Во натпреварот од 2-то коло од Групата Б, кошаркарките на Бадел 1862 претпреа пораз од моќниот состав на Цинкарна Цеље со резултат 59:92 (14:21, 14:28, 19:22, 12:21).

Гостинките од Цеље беа во континуирано водство и доминираа во текот на целиот натпревар. Кошаркарките на Цинкарна Цеље одиграа агресивно во текот на целиот натпревар, а нивната подолга клупа и квалитет беа пресудни за крајниот исход.

Баделки заслужуваат честитки за борбеноста и желбата за успех. Шансата за победа ќе ја имаат во следните натпревари.

Најефикасни баделки вечерва беа Нена Трајчевска со 19 постигнати поени и Александра Стојановска со 14 поени.

Во редовите на Цинкарна Цеље најефикасна беше Isabela Lyra Ramona со 25 постигнати поени.

На кошаркарките на Цинкарна Цеље им ја честитаме заслужената победа.

НАПРЕД БАДЕЛ!

06.10.2021.

ЖКК БАДЕЛ 1862