Сениорската репрезентативка, сино - жолтата икона, Александра Санче Стојановска, својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот клуб Евникос. На терен пожртвована, бескомпромисен борец за секоја топка, мотиватор, пеколна кошаркарка, почитувана од секој противник, лидер! Вистински идол на младите кошаркарки! Изразуваме голема благодарност за делата којшто ги остави позади себе во нашиот Бадел 1862! Голема чест...
М14 - ФИНАЛЕ ЖКК Бадел 1862 - ЖКК Вардар 41:53 И покрај големата желба, труд и многу работа преку целата сезона, младите баделки истата ја завршуваат како второ пласирани во домашното првенство. Во натпревар достоен за финале, баделки го претрпеа првиот сезонски пораз од екипата на Вардар. Дадоа се од себе, малку недостасуваше за комплетна...
М14 - Ф4 - 1/2 ФИНАЛЕ ЖКК Бадел 1862 - ЖКК Крива Паланка 59:50 Тешка победа и голема радост на младите баделки на теренот во Крива Паланка. Потешко од очекуваното младите баделки ја совладаа екипата на ЖКК Крива Паланка и обезбедија пласман во големото финале. Противник на баделки во борбата за шампионската титула ќе биде...
Крива Паланка, на 08-09.06.2022 година, ќе биде домаќин на М14 - Ф4. Младите баделки се подготвени и со амбиции за највисок пласман. Во 1/2 финалето ќе се сретнат со домаќинот, екипата на ЖКК Крива Паланка. Натпреварот ќе се одигра на 08.06.2022 година со почеток во 19:30 часот во спортската сала Бранители. На нашите млади кошаркарки...
М16 - Ф4 - 1/2 финале ЖКК Бадел 1862 - ЖКК Тим Арена 48:55 (8:12, 15:17, 11:8, 14:18) Пораз на младите баделки во 1/2 финалниот натпреват од Ф4. Пораз во натпреват во којшто баделки во текот на целиот натпреват пропуштија повеќе прилики да го доведат натпреварот во своја корист и секако победа. Честитки за еипата...
Претстојниот викенд, 04-05.06.2022 година, Делчево ќе биде домаќин на најдобрите 4 екипи во М16 конкуренција, во борбата за тронот. Младите баделки, како единствена непоразена екипа во групната фаза од натпреварувањето, и оваа година ќе атакуваат на највисок пласман. Подготовките за настапот на Ф4 се завршени. Во позитивна атмосфера и со победнични амбиции, баделки го очекуваат...
Вистинско изненадување на нашите најмали кошаркарки им приредија нивните идоли, шампионките! Во комплетен состав дојдоа на тренингот на идните шампионки! Неизмерна радост, среќа, позитивна енергија, емоции доминираа во спортската сала. Тренираа најмалите со своите идоли и на изненадување на сите, на крај ги предизвикаа шампионките, на терен да им покажат што научиле и до каде...