БИОГРАФИЈА
Започна да тренира кошарка на 11-годишна возраст во ЖКК Бадел 1862 под менторство на Александра Стојановска, а потоа станува членка на младинските екипи на ЖКК Бадел 1862 М16 и WABA U17, со коишто и настапува под раководство на тренерот Анета Глигорова. Има учествувано на турнирите: SLOVENIA BALL во 2018 и 2019 година, Јадранската WABA U17 лига, F4 турнири М14 и М16 во домашното првенство.