Во пресрет на продолжението од годинешното кошаркарско првенство, чест и задоволство ни е да Ви ја претставиме Destin Thompson, новиот член на Бадел 1862.

Destiny Thompson (USA – 1997, 180цм) во сезоната 2022/23 настапуваше во редовите на ЖКК Војводина 021, Србија. Во Првата лига на Србија на 24 натпревари просечно поминуваше на терен по 21.7 минути, постигнувајќи по 8.1 поени/натпревар, 6.4 скокови/натпревар, додека во WABA лигата на 18 натпревари на терен поминуваше во просек по 23.1 минута, постигнуваше по 8.6 поени/натпревар, 6.4 скокови/натпревар.

Среќна сум што се враќам во Македонија бидејќи имам многу пријатели и убави спомени таму. Возбудена сум што ќе играм за Бадел и ќе придонесам за тимот...”, – изјави Destiny Thompson за wbcbadel1862.com.mk

Destiny Thompson – WELCOME TO BADEL 1862!

04.01.2024

ЖКК Бадел 1862