Почетокот на месец Април го означи и почетокот на финалната разврска во борбата за шампионската титула.

Баделки финалниот поход кон одбрана на шампионската титула ќе го започнат утре, 05.04.2023 година. Противник во првиот 1/4 финален натпревар ќе ни биде искусниот состав на ЖКК Гризли. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија со почеток во 20:00 часот.

Во очекување на првата победа во серијата до две победи и пласман во 1/2 финалето, ги покануваме љубителите на кошарката да го проследат утрешниот натпревар во Дуња.

Во останатите 1/4 финални натпревари се среќаваат: Крива Паланка – Струга (04.03.2023, 19:00), Баскет Кам – Про Баскет (05.04.2023, 17:00) и Вардар – МЗТ Скопје (05.04.2023, 18:30).

 💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ !💙💛

 

04.04.2023

ЖКК БАДЕЛ 1862