Извонреден, вистински дерби натпревар и голема победа на подмладениот сино – жолт состав во натпреварот од К10 – Прва А лига!

Победа на гостински терен против екипата на Баскет Кам, психолошка инекција во пресрет на натпреварите на националниот куп и продолжението на домашното првенство во борбата за висок пласман!

Одиграа баделки возбудлив натпревар. Негативата од 1 поен на половина од натпреварот со фуриозна игра во третиот период ја претворија во предност од 10 поени. Следуваше неизвеста четврта четвртина во којашто противникот ја анулира нашата предност и во финишот на натпреварот поведе. Вистинска драма се случуваше во последните моменти од натпреварот. На 8 секунди до крајот домаќините поведоа со 1 поен, меѓутоа Марија Димитријевиќ поентираше на 2.4 секунди за голема радост на баделки.

Баскет КамБадел 1862 

65:66

Најдобар поединец на натпреварот беше Kaitlyn Mathieu со 27 постигнати поени, 16 скока/7 офанзивни, 9 дефанзивни/ за севкупен индекс на корисност 35.

Меч – винерот Марија Димитријевиќ  постигна 17 поени на коишто додаде и  7 асистенции.

Сандра Лазаревска постигна 12 поени, Јована Димковска 6 и Мартина Маркоска 4 поени.

На нашите баделки им честитаме за прикажаното и постигнатата победа!

 💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

29.01.2023

ЖКК БАДЕЛ 1862