Подмладениот сино – жолт состав со победа ја започна новата 2023 година.

Во рамките на К09 од Прва А лига, баделки остварија значајна победа во борбата за што повисок пласман во годинешното кошаркарско првенство против екипата на Крива Паланка.

Бадел 1862Крива Паланка

78:76 (23:21, 17:14, 15:16, 23:25)

Честитки за нашите кошаркарки за остварената победа во отсуство на капитенот Сандра Лазаревска, победа којашто ќе претставува дополнителен потстрек во пресрет на следните натпревари од домашното првенство и националниот куп.

На кошаркарките од Крива Паланка им честитаме за фер и коректниот натпревар.

 💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

23.01.2023

ЖКК БАДЕЛ 1862