Ги броиме последните денови од 2022 година. Одиграни се последните натпревари, кошаркарките полека заминуваат на краткиот одмор пред новите предизвици коишто започнуваат во втората половина на месец Јануари.
Со високо крената глава, со гордост ја испраќаме 2022 година!
Годината ја започнавме со историскиот настап во сениорската WABA Супер лига, кадешто Стојановска, Трајчевска, Кметовска и другарките со прикажаното на терен и надвор од него ги собраа симпатиите во домашни и меѓународни рамки. Да не беа повредите и здравствените – КОВИД проблеми, многу веројатно е дека успехот ќе беше значително поголем.
На домашен терен сезоната 21/22 ја крунисаа со финале во Националниот куп и титула во домашното првенство, резултат за којшто ги заслужуваат сите честитки.
Нашите младински екипи /М14,16 и 18/ обезбедија пласман на Ф4, што беше и примарна цел.
Сезоната 22/23 е сезона на нашата младост. Извршена е комплетна генерациска смена во сениорскиот тим. Пред нас е напорна работа, којашто сигурни сме, многу брзо ќе го даде посакуваниот резултат. Календарската година ја завршуваме на 3-то место, што претставува уште еден показател дека сме на добар пат.
Во младинските категории годината ја завршуваме импресивно. Нашата 18-ка е лидер во Група 2, 16-ка е со 100% ефект, одлични се и 14-ка и најмалите, нашите цицибани од 9-10 годишна возраст, коишто за прв пат оваа сезона играат официјални натпреври.
Круна на квалитетот во 2022 година е изборот на Александра Стојановска за најдобра македонска кошаркарка, на којашто од срце и честитаме и со желба за  многу успеси во нејзиниот сегашен клуб, Евникос од Атина!

Завршуваме една успешна година,  исполнета со успеси, испишана е историја во женската кошарка, се погриживме за поголем углед дома и во меѓународни рамки, со ветување за уште поголеми спортски достигнувања во иднина, бидејќи ЖКК Бадел 1862 поинаку незнае!

Користиме прилика, на сите Вас да Ви ја честитаме Новата 2023 година, со желба за многу здравје, среќа и берикет!
💙💛 СРЕЌНА НОВА 2023 ГОДИНА! 💙💛

💙💛 ЖКК БАДЕЛ 1862! 💙💛

 

29.12.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862