Нова Горица, Словенија, по 25-ти пат беше домаќин на кошаркарскиот фестивал СОНЧКО.
На манифестацијата учествуваа 140 екипи од 10 држави со вкупно 2000 деца. Натпреварите се играа во 18 сали на 40-тина терени, 2х20 минути.
Бадел 1862, како единствен претставник од Македонија, настапи во две категории, девојчиња родени 2009-2010 и 2011-2012 година.
Во предигра на главниот урнир, младите  баделки настапија на турнирот во Випава, кадешто одиграа 3 натпревари и забележаа 3 победи.
Бадел 1862 – Кутија 42:20
Бадел 1862 – Литија 34:21
Бадел 1862 – Realway 34:20
На главниот Сончков турнир, баделки одиграа вкупно 7 натпревари на коишто забележаа импресивни 7 победи.
(генерација 2009)
Бадел 1862 – Домжале 50:13
Бадел 1862 – Realway 37:19
Бадел 1862 – Випава 36:25
(М12)
Бадел 1862  – Копер 18:8
Бадел 1862 – Марибор 11:10
Бадел 1862 – Mengesh 8:6
Бадел 1862  – Ровињ 16:15
Како круна на прикажаното дојде и големото признание во поединечна конкуренција.
Нашата кошаркарка, Вања Милосављевиќ го доби признанието за МВП на целиот турнир, додека во конкуренција на кошаркарки родени 2011-2012 година, МВП наградата и прирадна на младата баделка, Лана Кесиќ.
За крај на 25-от СОНЧКО, во чест на еден од основачите на СОНЧКО се одржа завршниот спектакл, ВИКОВ МЕМОРИЈАЛ.
Се одигра ALL STAR натпревар и натпревар во шут за 3 поени, на којшто младата баделка, Дарија Панкова го зазеде второто место.
Посебна чест за сите учесници на 25-от СОНЧКО беше присуството во својство на гости на пјелада врвни кошаркарски личности: Богдан Тањевиќ, Алексеј Николиќ, Иво Данеу, Дамир Шолман, Јанез Дрвариќ, Никола Плечаш и секако Бисера Петровиќ, мајка на најдобриот европски кошаркар на сите времиња – Дражен Петровиќ.
Ја користиме можноста да упатиме јавна благодарност до нашите стари пријатели, организаторите на СОНЧКО, за срдечното гостопримство и одличната организација на целокупната манифестација!
До следното видување, на 26-от СОНЧКО!
Исто така, големи честитки до нашите најмлади баделки за остварените резултати, резултати коишто ќе бидат мотив повеќе во нивното понатамошно растење во светот на женската кошарка!
Бадел 1862, како клуб испиша уште една позитивна приказна за македонската женска кошарка во меѓународни рамки, потврдувајќи го одамна познатото и признато почитување и углед којшто го има во меѓународни рамки!

💙💛 ПОЧИТУВАЊЕ! 💙💛

💙💛 РЕСПЕКТ! 💙💛

💙💛  БАДЕЛ 1862! 💙💛

 

03.12.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862