Интересен викенд е пред нас.
ЖКК Бадел 1862 е една од ретките екипи којашто покрај сениорската Прва А лига има свои претставнички и во сите младински лиги организирани од КФСМ.
Овој викенд сите сино – жолти екипи ќе имаат свој настап.
Своето деби во официјалните натпревари ќе го имаат нашите најмлади другарки, во М12 конкуренција.
Недела, 13.11.2022 година е денот којшто засекогаш ќе остане во сеќавањата на најмладите баделки, како ден во којшто го одиграле својот прв официјален натпревар. Противник ќе им биде соодветната екипа на ЖКК МВП од Скопје,  а натпреварот ќе се одигра во СРЦ Кале (мала сала) со почеток во 10:00 часот.
Викендот ќе го отвори баделовата 16-ка, со натпреварот против ЖКК Шкупи, во Сабота, 12.11.2022 со почеток во 14:30 часот.
Шлагер на денот е секако дерби натпреварот од К05 – Прва А лига помеѓу Бадел 1862 и МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија со почеток во 17:00 часот.
најмладите, 14-ка и 18-ка Штип ќе го одиграат двомечот со ЖКК Тим Арена, со почеток во 11:00 и 13:00 часот.
На нашите баделки им посакуваме добра игра и секако успех.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ:
Сабота, 12.11.2022 година
14:30     Шкупи /М16/ – Бадел 1862 /М16/   (спортска сала – Радишани)
17:00     Бадел 1862 – МЗТ Скопје Аеродром     (спортска сала Независна Македонија)
Недела, 13.11.2022 година
10:00     МВП /М12/ – Бадел 1862 /М12/     (спортска сала Кале – мала сала)
11:00     Тим Арена /М14/ – Бадел 1862 /М14/      (спортска сала Јордан МИјалков – Штип)
13:00     Тим Арена /М18/ – Бадел 1862 /М18/      (спортска сала Јордан Мијалков – Штип)

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

11.11.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862