После успешните гостувања во Кавадарци и Крива Паланка, баделки денес ќе го одиграат третиот натпревар на гостински терен во рамките на 4-то коло од сениорското првенство.
Наши домаќини ќе бидат кошаркарките на ЖКК Струга.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Нико Нестор со почеток во 16:30 часот. Делители на правдата ќе бидат Биноски Д. и Димески Д., а делегат Деспотоски П.
LIVE STREAM од натпреварот ќе имате можност да проследите на BadelTV.
На нашите баделки им посакуваме пријатно патување, добра игра и враќање на победничкиот колосек.

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

06.11.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862