Позади нас е возбудлив викенд. Резултатски со половичен успех, перспективно целосно успешен.
Викендот го отворија младите М16 баделки со натреварот против соодветната екипа на ЖКК Работнички.
Бадел 1862 /М16/ – Работнички /М16/ 72:19 (25:3, 15:6, 15:2, 17:8)
 Натпревар во којшто младите баделки доминираа во текот на сите 40 минути. Натпревар во којшто иднината на Бадел 1862 ја презентираше својата техничко-тактичка подготвеност и супериорност.
Нјефикасна на теренот беше Дора Алексова со 20 поени. Јана Чолакоска постигна 12, Илина Несторовска 10, Ива Згонц 9, Ива Димитријевиќ, Теодора Ѓоргиевска, Вања Милосављевиќ и Дарија Панкова по 4, Неда Лабудовиќ 3 и Олгица Димевска 2 поени.
Сенирскиот тим, во дерби натпреварот против Баскет Кам во неизвесна завршница го претрпе првиот пораз во новата прволигашка сезона. 
Бадел 1862 – Баскет Кам 67:73 (22:23, 16:21, 11:15, 18:14)

 Во неизвесна завршница, подмладениот сино – жолт состав во којшто доминираат нашите млади кошаркарки (15-18 годишна возраст) го плати данокот на неискуството и неуспеа да го совлада тимот на Баскет Кам. И покрај поразот, нашите млади кошаркарки покажаа дека се на добар пат.
Напорната работа останува наш приоритет.
Сино – жолтата младост расте од натпревар во натпревар!
Најефикасна баделка беше Kaitlyn Mathieu со 25 постигнати поени. Марија Димитријевиќ постигна 16, Сандра Лазаревска 10, Мартина Маркоска 7, Јована Димковска 4, Зара Стојковска 3 и Мила Ѓуковиќ 2 поени.
На нашите баделки им честитаме за прикажаното на терен, а на противничките екипи им честитаме за фер и коректните натпревари.

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

31.10.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862