Возбудлива Сабота е пред сино – жолтата кошаркарска фамилија.

Баделки на домашен терен се пред два сериозни предизвика.

Саботната двојна програма ќе ја отворат младите баделки во М16 – Група 1 /К02/.

Во премиерниот натпревар од новата сезона, сино – жолтата 16-ка ќе  го одигра натпреварот против градскиот ривал, Работнички, во спортската сала Независна Македонија со почеток во 14:30 часот.

Сениорската екипа после две успешни гостувања на стартот од новата сезона, во рамките на К03 од Прва А лига ќе се претстави пред домашната публика во “Дуња”. Пред подмладениот сино – жолт состав е сериозен предизвик, дерби натпреварот против екипата на Баскет Кам. Почетокот на натпреварот е закажан за 17:00 часот.

На баделки им посакуваме добра игра и успешен – победнички викенд!

Ги покануваме љубителите на женската кошарка во Сабота во “Дуња” да го проследат настапот на младите кошаркарки и дерби натпреварот од сениорската Прва А лига.

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

28.10.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862