Двоипол месечниот подготвителен период е позади нас. Утре официјално започнува новата кошаркарска сезона во женска сениорска конкуренција.

Баделки на стартот на новата сезона ќе гостуваат во Кавадарци.

Во спортската сала Партизан, со почеток во 14:00 часот ќе го одиграат натпреварот против екипата на Пробаскет.

И покрај тоа што новата сезона ја започнуваме во значително изменет и пред се подмладен состав, цел на секој натпревар ќе биде преку квалитетна и дисциплинирана игра да се стигне до победа!

Привилегијата, честа и одговорноста кон сино – жолтиот сениорски тим во сезоната 22/23 ќе ја имаат:

  • Сандра Лазаревска (капитен)
  • Зара Стојковска
  • Јана Петрова
  • Мила Ѓуковиќ
  • Ања Даниловска
  • Марија Димитријевиќ
  • Дора Алексова
  • Kaitlyn Mathieu
  • Мартина Маркоска
  • Јована Димковска
  • Јана Давитковска
  • Јана Чолакоска
  • Елена Алулоска
  • Нена Китановска

На нашите баделки им посакуваме успех во новата кошаркарска сезона!

💙💛 СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ! 💙💛

💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛

 

14.10.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862