Сениорската репрезентативка, сино – жолтата икона, Александра  Санче Стојановска, својата кариера ќе ја продолжи во грчкиот клуб Евникос.

На терен пожртвована, бескомпромисен борец за секоја топка, мотиватор, пеколна кошаркарка, почитувана од секој противник, лидер!

Вистински идол на младите кошаркарки!

Изразуваме голема благодарност за делата којшто ги остави позади себе во нашиот Бадел 1862!

Голема чест и задоволство претставуваше твоето присуство во сино – жолтиот колектив!

Ти посакуваме многу здравје и успешна презентација на твоите кошаркарски и човечки квалитети во твојот следен предизвик, настапите во Евникос!

💙💛  АЛЕКСАНДРА САНЧЕ СТОЈАНОВСКА!   💙💛

30.06.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862