М14 – ФИНАЛЕ

ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Вардар 

41:53

И покрај големата желба, труд и многу работа преку целата сезона, младите баделки истата ја завршуваат како второ пласирани во домашното првенство.

Во натпревар достоен за финале, баделки го претрпеа првиот сезонски пораз од екипата на Вардар. Дадоа се од себе, малку недостасуваше за комплетна радост, меѓутоа заморот ги стигна во последниот период од натпреварот….

Дора Алексова со постигнатите 36 поени беше првата виолина во сино – жолтиот тим. Мила Начевска и Дарија Панкова постигнаа по 2 поени и Илина Несторовска 1 поен.

Младите баделки заслужуваат максимални честитки за прикажаното во сезоната 2021/2022. Пред нив е светла иднина!

Честитки за екипата на Вардар за победата и фер и коректниот натпревар.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

09.06.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862