Претстојниот викенд, 04-05.06.2022 година, Делчево ќе биде домаќин на најдобрите 4 екипи во М16 конкуренција, во борбата за тронот.

Младите баделки, како  единствена непоразена екипа во групната фаза од натпреварувањето, и оваа година ќе атакуваат на највисок пласман.

Подготовките за настапот на Ф4 се завршени. Во позитивна атмосфера и со победнични амбиции, баделки го очекуваат 1/2 финалниот натпревар на годинешниот Ф4 против екипата на ЖКК Тим Арена од Штип.

На Мила, Зара, Елена, Јована и другарките им посакуваме добра игра и секако успех на Ф4 во Делчево!

Натпреварот ќе се одигра во Сабота, 04.06.2022 година со почеток во 16:00 часот во спортската сала во Делчево.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

03.06.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862