Браво, браво, браво!

Многу труд, напор, патувања, 49 официјални натпревари… беа потребни за крунисување на шампионките!

Финална серија против ЖКК Баскет Кам каква што одамна не е видена во домашното првенство – 4 исклучителни натпревари, исполнети со беспоштедна борба на теренот, пресврти, надмудрувања,…., натпревари во коишто сино – жолтите кралици покажаа карактер, желба, знаење, квалитет, ментална сила… Оставија срце на терен, веруваа во себе и сосема заслужено се на тронот!

Две од трите шампионски победи остварени на теренот на противникот, епскиот пресврт од -18 до +1 во вториот натпревар, силниот карактер и вербата во сопствениот квалитет не дозволи никаков пад на спортскиот елан после несреќниот пораз во третиот  натпревар, се вратија уште посилни и вечерва на гостинскиот терен ставија печат на титулата!

ЧЕСТИТКИ КРАЛИЦИ, ЗАСЛУЖЕНО СТЕ НА ТРОНОТ!

💙💛  БАДЕЛ – ШАМПИОНИ!   💙💛

💙💛  САНЧЕ – МВП!   💙💛

22.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862