Денес, нашите млади – М16 баделки го започнуваат походот кон пласман на Ф4.
Врз основа на пласманот во групната фаза од М16 натпреварувањето, баделки во 1/4 финалето ќе ги одмерат силите против екипата на ЖКК Крива Паланка /М16/.
Сино – жолтите во 1/4 финалниот двомеч влегуваат како единствена екипа којашто групната фаза ја заврши со максимален број на победи, со амбиција – пласман на Ф4 и борба за подобрување на минатогодишниот вице-шампионски статус.
Првиот натпревар во серијата прв до 2 победи младите баделки ќе го одиграат на домашен терен, во спортската сала Независна Македонија со почеток во 17:30 часот.
💙💛 ОДИМЕ КОН ЦЕЛТА! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
19.05.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862