Плеј оф – ФИНАЛЕ – Н01

ЖКК Бадел 1862 (1) – (0) ЖКК Баскет Кам 

73:56 (16:15, 16:12, 22:13, 19:16)

Баделки со победа ја отворија финалната серија и заслужуваат максимални честитки за залагањето, играта, борбеноста, карактерот.

Ивана Кметовска со 23 постигнати поени, 8 скока и 1 блокада одигра извонреден натпревар. Александра Стојановска – одлична во одбрана и напад, во клучните моменти со 2 врзани тројки го одведе натпреварот во мирни води. Натпреварот го заврши со 21 поен, 5 скока, 3 асистенции, 2 украдени топки. Нена Трајчевска, како и секогаш, одлична во одбрана и напад, и покрај тоа што натпреварот го заврши предвреме поради 5 лични грешки оствари дабл-дабл ефект со 11 поени, 11 скока, а оствари и 2 асистенции и 2 блокади. Цветанка Димова постигна 9 поени, а оствари и 7 скока, Kaitlyn Mathieu 6 поени и Сара Максимовска 3 поени, тројка со којашто стави печат на победата. Честитки за прикажаното и за капитенот Сања Адамовска, Марија Димитријевиќ и Сандра Лазаревска.

БРАВО БАДЕЛКИ, ОСТАВИВТЕ СРЦЕ НА ТЕРЕН!

Во редовите на ЖКК Баскет Кам најефикасна беше Елена Тасевска со 12 постигнати поени. На гостинките им честитаме за фер и коректниот натпревар.

Вториот натпревар од финалната серија ќе се одигра во Недела, 15.05.2022 година во Македонска Каменица.

 

💙💛  ОДИМЕ КОН ЦЕЛТА!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

12.05.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862