М18 – Плеј оф – 1/4 финале – Н01
ЖКК Струга (0) – (1) ЖКК Бадел 1862
47:68 (14:9, 18:16, 9:22, 6:21)
Убедлива победа на актуелните М18 шампионки во првиот 1/4 финален натпревар за водство од 1:0 во серијата “прв до две победи”.
Репризата на минатогодишното М18 финале донесе квалитетен и возбудлив натпревар. Стружанки подобро го отворија натпреварот, имаа контрола врз резултатот (максимални +10) и на полувреме заминаа со +7 (32:25).
Во второто полувреме актуелните шампионки значително го подигнаа нивото на играта, наметнувајќи ја својата препознатлива игра, што доведе до комплетен резултатски пресврт во третата четвртина којашто баделки ја добија со +13 поени, за солидни +6 во пресрет на последниот период од натпреварот, во којшто избраничките на Анета Глигорова комплетно издоминираа на теренот и со дополнителни +15 поени го завршија натпреварот со +21 поен.
Мартина Марковска постигна 19, Мартина Блажевска 18, Јована Димковска 14, Мила Ѓуковиќ 10, Дева Глигорова 5 и Јана Петрова 2 поени.
Најефикасна во редовите на ЖКК Струга беше Клементина Модева со 18 поени.
Честитки за екипата на ЖКК Струга за фер и коректниот натпревар.
Вториот 1/4 финален натпревар ќе се одигра во Четврток во Скопје.
💙💛 ОДИМЕ КОН ЦЕЛТА! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
07.05.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862