М18 – Група 1:     ЖКК Крива Паланка /М18/ – ЖКК Бадел 1862 /М18/ 55:49

Мартина Блажевска 15

Мартина Марковска 13

Мила Ѓуковиќ 9

Јована Димковска 6

Дева Глигорова 6

Френетична атмосфера ги пречека младите баделки во студената сала во Крива Паланка. Прватата и втората четвртина од натпреварот ги одиграа во грч, грешеа, промашуваа зицери…..состојба што домаќинот максимално ја искористи за осетна предност на крајот од првото полувреме. Во второто полувреме баделки од минута во минута се ослободуваа од очигледниот грч во играта, ја подобруваа играта во одбрана и напад, што резултираше со намалување на предноста на домаќинот. Сепак, и покрај тоа што резултатски баделки второто полувреме го решија во своја корист, тоа беше недоволно за позитивен резултат.

Честитки за екипата на ЖКК Крива Паланка за победа.

Баделки продолжуваат понатаму, со крената глава, со уше едно ледено искуство, во пресрет на разврската во М18 – Група 1, 1/4 финалните натпревари и секако разигрувањето за шампионската титула!

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

18.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862