Пред нас е возбудлив сино – жолт викенд.

Започнува разврската за шампионската титула во сениорска конкуренција. Баделки во четвртфиналето се среќаваат со новајлијата во елитната Прва А лига, екипата на ЖКК Гризли Баскет.

Првиот четвртфинален натпревар ќе се одигра во Сабота, 16.04.2022 година со почеток во 19:30 часот во спортската сала Независна Македонија.

Неделата (17.04.2022)  е резервирана за нашата М18 екипа, којашто во Крива Паланка ќе ја одигра дерби средбата од Група 1 (М18) против ЖКК Крива Паланка. Натпреварот ќе започне во 18:00 часот.

Најмладите М14 баделки во Недела, 17.04.2022 година со почеток во 13:00 часот, во рамките на М14 Група 2, ќе се сретнат со екипата на ЖКК Шкупи. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

14.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862