Заврши регуларниот дел од кошаркарското првенство во Група А.

ЖКК Бадел 1862 со 17 победи и еден пораз ја резервира единицата во пресрет на разигрувањето за шампионската титула, стартна позиција која ја носи предноста на домашниот терен.

Баделки одиграа исклучително напорна и успешна сезона ( 39 официјални натпревари за 6 месеци – 18 во WABA лигата, 18 во домашното првенство, 2 во националниот КУП и 1 Суперкуп натпревар). Во разигрувањето за титулата влегуваме со мотив и амбиција за освојување на тронот!

Новајлија во разигрувањето и во елитното друштво во следната сезона е екипата  на ЖКК Гризли Баскет (првопласирана екипа во Прва Б лига), на којшто им честитаме за успехот и им посакуваме добредојде во елитата.

Осмиот патник во разигрувањето и воедно член на Првата А лига ќе биде победникот од натпреварот помеѓу ЖКК Про Баскет од Кавадарци (7-мо пласиран во Прва А лига) и ЖКК Трокал од Кавадарци (2-ро пласиран во Прва Б лига).

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

04.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862