Пред нас е возбудлив сино – жолт викенд во којшто не очекува двоен настап на нашите најмлади (М14) другарки и настап на екипата до 18 годишна возраст.

Сабота, 02.04.2022 / 12:00 / Битола /

ЖКК Пелистер /М14/ – ЖКК Бадел 1862 /М14/

Во очекување на сигурна победа за задржување на 100% ефект, на нашите баделки им посакуваме пријатно патување до/од Битола и фер и коректен натпревар.

Недела, 03.04.2022  / Скопје – Дуња /

11:00     ЖКК Бадел 1862 /М14/ – ЖКК Про Баскет /М14/

13:30     ЖКК Бадел 1862 /М18/ – ЖКК Про Баскет /М18/

Во двојната неделна програма на домашен терен, очекуваме две сигурни победи,  за задржување на лидерската позиција во М14 – Група 2, додека во М18 конкуренција за напад на најдобрата стартна позиција во Група 1 во пресрет на разигрувањето за шампионската титула!

Ги покануваме љубителите на младинската женска кошарка во Недела во спортската сала Независна Македонија да го проследат двомечот на младите баделки против соодветните состави на ЖКК Про Баскет од Кавадарци.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

01.04.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862