Баделки се враќаат од двојното гостување во Кавадарци со 2 победи!

Први на терен истрчаа кошаркарките до 18 годишна возраст. Во студената спортска сала Јасмин, актуелните државни шампионки славеа против екипата на ЖКК Трокал со резултат 67:51 (14:7, 14:19, 21:13, 18:12).

И покрај тешките услови за игра и на моменти тензичната атмосфера во салата, баделки со остварената победа ги потврдија амбициите за највисок пласман.

Најефикасна во сино – жолтиот тим беше Мартина Блажевска со 25 постигнати поени. Мартина Марковска постигна 15, Дева Глигорова 9, Јована Димковска 7, Мила Ѓуковиќ 6, Јана Петрова 3 и Зара Стојковска 2 поени.

Во натпреварот од К04 – Прва А лига – Оролоџо, сениорките ја совладаа екипата на ЖКК Про Баскет со резултат 89:63 (20:16, 37:7, 20:18, 12:22).

Најефикасна беше Цветанка Димова со 28 поени (8 скока). Сара Максимовска постигна 21, Kaitlyn Mathieu 17 (9 скока, 8 украдени топки),  Сања Адамовска 8 (9 асистенции),  Ивана Кметовска 7,  Марија Димитријевиќ 4 (8 асистенции),  Александра Стојановска и Сандра Лазаревска по 2 поени.

Денес, последни на терен истрчаа нашите најмлади, М14 баделки. Во спортската сала Независна Македонија ја совладаа екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром со резултат 66:47 (14:18, 16:6, 16:14, 20:11).

Најефикасна, Дора Алексова со 34 поени. Мила Начевска 8, Теодора Ѓоргиевска  8, Илина Несторовска  6, Ева Палевска  6 и Ива Димитријевиќ 4 поени.

Извонреден, 3/3 викенд за сино – жолтиот колектив. 

Продолжуваме понатаму, со уште поголем елан кон остварување на зацртаните цели!

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

19.03.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862