Претстои возбудлив викенд за сино-жолтиот колектив.

Нашите најмлади М14 другарки, во Сабота (19.03.2022) ќе го одиграат натпреварот против екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром. Како и секогаш, одиме на победа за потврда на лидерската позиција во М14 – Група 2 и задржување на 100% ефект! Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Независна Македонија со почеток во 16:00 часот.

После подолга пауза, во Сабота на кошаркарскиот терен ќе истрчаат и сино – жолтите М18 младинки. Во Кавадарци ќе го одиграат натпреварот од М18 – Група 1 против екипата на ЖКК Трокал. Со овој натпревар баделки го започнуват походот кон подобра стартна позиција за пролетното разигрување за шампионската титула. Подготвени и мотивирани одиме на победа во Кавадарци! Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Јасмин со почеток во 10:30 часот.

Сениорките, исто така во Кавадарци, во рамките на Прва А лига – Оролоџо К04 ќе го одиграат натпреварот против ЖКК Про Баскет. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала Партизан со почеток во 13:00 часот.

💙💛  СРЦЕ НА ТЕРЕН ЗА 3/3!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

17.03.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862