Во организација на КФСМ, од 28.02 – 06.03.2022 година, во СРЦ Кале ќе се одржи кошаркарскиот камп FIBA YDF FUND INTERNATIONAL TOURNAMENT 2022 за генерацијата 2008-ма. Покрај нашата репрезентација, на турнирот ќе учествуваат и соосдветните репрезентации на Турција, Бугарија, Косово и Романија.

На објавениот список од 14 репрезентативки, селекторот на македонската репрезентација, Јасмина Герасимовска Николиќ, се наоѓаат и 4 баделки:

Дора Алексова,

Илина Несторовска,

Теодора Ѓеоргиевска и

Мила Начевска

На нашите репрезентативки им посакуваме многу успех во претстојните натпревари, коишто ќе се одиграат во следните термини:

03.03.2022    15.00     Турција – Северна Македонија

04.03.2022     15:00     Северна Македонија – Бугарија

05.03.2022     15:00     Романија – Северна Македонија

06.03.2022     15:00     Северна Македонија – Косово

 

💙💛  БАДЕЛ 1862 – СВЕТЛА ИДНИНА!   💙💛

27.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862