Триглав – Бадел 1862 77:50 (23:19, 18:18, 15:7, 21:6)

Пораз во последниот натпревар од WABA Суперлигата. Заморот предизвикан од пеколкниот ритам Среда – Недела, последиците од неповолниот јануарски здравствен билтен и отсуството на Ивана Кметовска и Марија Димитријевиќ  ја испорачаа и наплатија сметката.

Одиграа баделки ветувачко прво полувреме во Крањ за достижни -4.  Во второто полувреме, и покрај големата желба за надигрување со противникот, евидентниот замор, тешките нозе и раце  беа пречка за остварување на поволен резултат.

Александра Стојановска и Kaitlyn Mathieu беа најзабележителни баделки на теренот, со 18 односно 16 постигнати поени. Нена Трајчевска постигна 9, Сања Адамовска, Мартина Блажевска и Сандра Лазаревска по 2 и Цветанка Димова 1 поен.

Простор за разочарување нема! Следуваат натпреварите во домашното првенство и доволно време за рехабилитација во походот кон тронот!

💙💛  ГОРДИ НА ЈАДРАНСКИТЕ ДОСТРЕЛИ!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

25.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862