Орлови – Бадел 1862 66:56 (21:20, 19:4, 12:12, 14:20)

Една слабо одиграна четвртина (втората) и стекнатите 16 поени предност на средина од натпреварот беа недостижни за пресврт. Баделки одлични во првата четвртина, Александра Стојановска  100% прецизна за 3 поени (4/4). Следеше црна дупка во играта на баделки, 4 постигнати поени од линијата за слободни фрлања, за -16 на половина од натпреварот. Третиот период резултатски израмнет, четвртиот и покрај позитивата од +6 недоволен за позитивен резултат.

Честитки за екипата на Орлови за заслужената победа, но честитки и за баделки, коишто ослабени без тренерот Перо Стамевски, Ивана Кметовска и Марија Димитријевиќ  за прикажаната борбена игра, за желбата за надигрување против квалитетниот противник, за обидите да се фати резултатски приклучок до последната секунда!

Александра Стојановска постигна 18 поени, а Нена Трајчевска 15. Kaitlyn Mathieu постигна 8 поени, Сандра Лазаревска 6, Цветанка Димова и Сања Адамовска по 4 поени и Мартина Блажевска 1 поен.

Утре баделки патуваат за Крањ, кадешто во Петок во 19:15 ќе го одиграат последниот натпревар од WABA Суперлигата против Триглав.

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

23.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862