ЖКК Бадел 1862 – ЖКК Баскет Кам 61:64 (19:13, 11:24, 10:12, 18:9, 3:6)

Драматично финале исполнето со пресврти, со пожртвувана игра, финале коешто се решаваше со еден шут, финале коешто беше решено дури во продолжението од 5 минути.

Тринаесетката остана малерозна за баделки! Заслужуваат честитки за борбената игра, се враќаа од негатива, нијанси го одлучија победникот! Хендикеп беше и отсуството на тренерот Перо Стамевски од здравствени причини, на кого му посакуваме брзо закрепнување и враќање на клупата!

Големи се баделки и во победите и во поразите! Честитки за екипата на Баскет Кам за победата, а веќе од утре го продолжуваме патот кон зацртаните цели во домашното првенство, бидејќи поинаку незнаеме!

Анета Глигорова, асистент-тренер на ЖКК Бадел 1862: Се потрудив да направам добра замена за Перо Стамески. Во првите две четвртини имавме лош процент на шут. Некако како да имавме трема или можеби замор од натпреварите од ВАБА лигата. Но, тоа не е оправдување. Дојдовме до егал со противникот, го стигнавме по една висока негатива. Но на крајот противникот заслужено победи. Сега ни следи првенството каде сакаме да зададеме контра-удар.

Сања Адамовска, капитен на ЖКК Бадел 1862: Честитки за екипата на Баскет Кам, прикажаа одлична игра. Ние се трудевме, можевме многу повеќе. Искрено, очекувавме титула од она што можеше да се види не реализиравме зицери и отворени шутеви. Го немавме и тренерот Стамески. Го дадовме максимумот, но тоа е што е, Купот го загубивме, но не е крај на првенството, сега ни следи битка на тој фронт.

Јелена Антиќ, ЖКК Баскет Кам: Имавме добар резултат минатата година, а на овој меч Бадел 1862 беше фаворит и среќни сме што собравме сили по вчерашниот тежок меч во кој се истрошивме максимално и со солидна игра дојдовме до трофејот. Честитки за Бадел 1862, но вечерва среќата беше на нашата страна.

 

💙💛  ГЛАВАТА ГОРЕ! ОДИМЕ ПОНАТАМУ!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

20.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862