WABA Суперлигата влегува во фото-финиш. На две кола до крајот познати се имињата на 3 екипи коишто ќе разигруваат за шампионската титула, 2 екипи коишто водат мртва трка за Ф4 и 3 екипи кишто ќе се борат за подобар пласман во елитната осумка!
Сосема заслужено, Будукност Бемакс, Цинкарна Цеље и Монтана 2003 се сигурни патници на Ф4.
Нашиот вчерашен противник, Орлови и најпријатното Суперлигашко изненадување, Војводина 021 водат мртва трка за 4-то место и пласман на Ф4. Моментално Војводина 021 е на посакуваното 4-то место, но со еден одигран натпревар повеќе од Орлови. Двете екипи до крајот на Суперлигата имаат тежок распоред и нјверојатно последното коло ќе го даде четвртиот патник на Ф4.
Пламен Пожега, Бадел 1862 и Триглав до крајот ќе одиграат по 2 натпревари, а нивните меѓусебни средби ќе го дадат конечниот пласман од 6-8 место во елитната Суперлига.
Екипната Суперлигашка статистика покажува дека Будуќност Бемакс е најефикасната екипа со 79.17 постигнати поени/натпревар, пред Орлови со 75.00 поени/натпревар и Војводина 021 со 74.17 поени/натпревар.
Будукност Бемакс е екипата којашто остварила и најмогу Суперлигашки скокови, во просек по 42.17/натпревар, пред Војводина 021 со 40.5/натпревар и Монтана 2003 со 40.0/натпревар.
Индивидуално, Sara Loomis (Војводина 021) е најдобриот Суперлигашки поентер со 23.33 поени/натпревар, пред Isabela Lyra Ramona (Цинкарна Цеље) со 20.83 поени/натпревар и нашата Ивана Кметовска со 19.4 поени/натпревар.
Sara Loomis (Војводина 021) е и најдобриот скокач со просек од 12.17 скока/натпревар, додека Dragana Zivkovic (Будукност Бемакс) е најдобриот Суперлигашки асистент со 7.33 асистенции/натпревар.
Пред нас е исклучително возбудлив финиш на WABA Суперлигата, во којшто осумте најквалитетни екипи во регионот ќе водат беспоштедна битка за победа повеќе!
💙💛 БАДЕЛ – ГОРДОСТ МАКЕДОНСКА! 💙💛
💙💛 НАПРЕД БАДЕЛ! 💙💛
17.02.2022
ЖКК БАДЕЛ 1862