БАДЕЛ 1862 – ОРЛОВИ 65:70 (14:11, 13:19, 20:21, 18:19)

Десеткувани поради осуството на Ивана Кметовска и Марија Димитријевиќ (прво полувреме), баделки со пораз се простија од домашната публика. На крај се покажа дека предноста остварена во втората четвртина (+6) за екипата на Орлови беше пресудна за крајниот исход на натпреварот.

Цветанка Димова натпреварот го заврши со дабл-дабл ефект, 22 поени и 10 скока за севкупен индекс на корисност 30, Александра Стојановска постигна 17 поени и оствари 7 скока, Нена Трајчевска постигна 12 поени и оствари 7 асистенции.

Честитки за екипата на Орлови на којашто и посакуваме успех во понатамошниот тек од натпреварувањето!

Баделки заслужуваат максимални честитки за прикажаното, остварениот Суперлигашки скор од 1 победа и 3 порази на домашен терен против силните противници веројатно ќе изгледаше поинаку доколку здравствениот билтен беше поповолен. Покажаа дека Скопје е и ќе биде тежок терен за секој противник!

 

💙💛  ОДИМЕ ПОНАТАМУ!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

16.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862