Деновиве беше објавена листата на корисници на ваучери за спортските клубови, листа којашто предизвика бура од реакции!

ЖКК Бадел 1862, најтрофејниот и најрепрезентативен спортски колектив во женската кошарка со 40 годишна традиција, изразува целосно несогласуње со начинот на бодување и рангирање на женските кошаркарски клубово.

Во продолжение го пренесуваме нашето официјалното соопштение до јавноста, а исто така пред очите на јавноста го прикажуваме и:

  • Критериуми за бодување (објавени во Службен весник на РСМ од 10.01.2022 година, број 5)
  • Рангирање на клубовите од страна на Комисијата за рангирање при КФСМ
  • Споредбена анализа за доделени ваучеви 2021/2022

 

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Почитувани,

Во оваа прилика сакаме јавно да споделиме бројни неправилности при рангирањето и поделбата на спортските ваучери,од страна на Комисијата за разгледување апликации за ваучери при КФСМ,во состав:

  1. Владимир Георгиевски-генерален секретар

    2. Тодор Гечевски – спортски директор и

    3. Славјанка Ристановска

Доделени се 20 бодови на екипата на КК Крива Паланка за број на активни/регистрирани играчи,за да се добијат волку бодови треба да има повеќе од 100 регистрирани играчи, а согласно листите на регистрирани играчи објавени на веб страницата на КФСМ има вкупно 64 играчи,при што има и преклопувања на играчи кои настапуваат во две генерации.(тоа се 10 бода повеќе).

По овој основ на ЖКК Трокал доделени се 15 бодови,за што треба да има повеќе од 80 регистрирани играчи, а согласно листите на регистрирани играчи има вкупно 45,исто со бројни преклопувања ,доделени повеќе 10 бодови по овој основ.

На екипата на КК Крива Паланка доделени 10 бодови за учество и остварен пласман од петто до десетто место  на Европски првенства,купови и лиги во сениорска категорија,регионални првенства,купови,Балкански лиги во сениорска категорија,на вакви натпреварувања екипата на КК Крива Паланка нема учествувано.

По овој основ се доделени исто 10 бодови на КК Баскет Кам,која навистина учествува сеуште во Регионалната WABA лига ,која се уште не е заврчена и нема конечно рангирање во неа,и од тие причини во наредната распределба на ваучери може да се доделат бодови при рангирањето.

Доделени 50 бодови на КК Крива Паланка,за учество во лигата со 100% домачни играчи,што не е точно, настапуваше Милена Марјановиќ од Србија и Марија Петровиќ од Цра гора, и за што екипата требаше да добие 35 бодови,што значи доделени 15 бодови повеќе.

По овој основ и екипата на КК Шкупи има добиено 50 бодови, а во нивниот состав настапуваше кошаркарка од Косово,доделени 15 бодови повеќе.

Доделени 30 бодови по основ на Членови на спортскиот клуб ,кои настапувале во националните репрезентации во последната натпреварувачка година, на екипата на КК Куманово, и покрај тоа што нема барем една сениорска репрезентативка како услов за добивање 30 бодови,и не само што нема не една сениорсак репрезентативка,нема ни една воопшто во било која возрасна категорија,што значи доделени дури 30 бодови повеќе.

Ист е случајот со КК МЗТ Скопје,од која екипа нема ниедна сениорска репрезентативка со настап за репрезентацијата,доделени повеќе 25 бодови по достапните информации има само една репрезентативка со настап во националната селекција под 20 години.

По овој основ доделени 10 бодови на КК Пробаскет од Кавадарци , и покрај тоа што нема ни една репрезентативка од овој клуб со настап во било која национална селекција.

Доделени 64 бодови,и ваучер во висина од 500.000,00 денари на екипата на КК Пантери,и покрај тоа што во тековната натпреварувачка сезона не натпреварува во ни една лига во организација на КФСМ.

Со овие бројни нерегуларности кои ги посочивме,а убедени сме дека има и други,бараме да сте се стопира издавањето на ваучерите доделени на клубовите од женската кошарка,да се направи повторно рангирање и да се одстранат сите нерегуларности, при еваулацијата на барањата на ваучерите да биде присутен и претседателот на Здружението на Прва лига жени.

Агенцијата за млади и спорт да изврши инспекциски надзор врз работењето на Комисијата за разгледување на Барањата за доделување ваучери при КФСМ, и на крај Јавното обвинителство да покрене истрага по допрен глас , затоа што во овој случај има индиции за стекнување  против правна финансиска корист, а сепак се рабори за буџетски средства ,кои државата ги пренаменува во спортот.

Во иднина,да не се доделуваат ваучерите,пред разгледување на извештаите за наменско користење на финансиските средства од страна спортските субјекти за изминатиот период.

Со почит.

Критериуми за бодување:

    1. Човечки ресурси во клубот: Администрација, тренери, лекари, спортски психолози, физиотерапевти (исполнети сите услови – 10 бода, исполнети 4 услови – 8 бода, исполнети 3 услови – 6 бода, исполнети 2 услови – 4 бода, исполнет 1 услов – 2 бода)
    2. Активни членови на спортскиот клуб, спортисти, регистрирани, кои се натпреваруваат во последната натпреварувачка сезона (регистрирани сениорки, постари младинки , помлади младинки, деца) (повеќе од 250 – 30 бода, повеќе од 130 – 25 бода, повеќе од 100 – 20 бода, повеќе од 80 – 15 бода, повеќе од 60 – 10 бода, повеќе од 40 – 5 бода)
    3. Спортскиот клуб настапувал во националниот систем на натпреварување и остварил пласман во последната натпреварувачка сезона во категории сениорки, постари младинки, помлади младинки, деца (исполнети 4 категории – 50 бода, 3 категории – 35 бода, 2 категории 20 бода, 1 категорија – 5 бода).
    4. Спортскиот клуб учествувал и остварил пласман во межународен систем на спортски натпревар во сениорска категорија во последните две години(учество и остварен пласман на ЕП од 1-4 место – 50 бода, учество и остварен пласман на ЕП од 5-20 место – 40 бода, учество и пласман на ЕП под 21 место – 30 бода, учество и остварен пласман – регион и Балкан од 1-4 место – 20 бода, учество и остварен пласман – регион и Балкан од 5-10место – 10 бода).
    5. Рангирање на спортски клуб на официјални листи на спортски асоцијации во последните две натпреварувачки сезони во сениорска конкуренција (Европски и Светски ранг од 1-10 место – 50 бода,  Европски и Светски ранг од 11-30 место – 40 бода, Европски и Светски ранг под 31 место – 30 бода, Регионален ранг од 1-4 место – 25 бода, Национална сениорска лига пласман од 1-3 место – 20 бода, Младинска категорија од 1-3 место 10 бода).
    6. Број на домашни спортисти коишто настапувале за спортскиот клуб (домашни/странски играчи) (100% домашни – 50 бода, 75% домашни – 35 бода, 50% домашни – 20 бода, помалку од 50% домашни – 10 бода).
    7. Медиумска застапеност на сениорската екипа (ТВ национален – 10 бода, LIVE STREAM – 5 бода, без медиумска покриеност – 0 бодови).
    8. Членови на спортски колектив коишто настапувале во националните репрезентации – сениорки, постари младинки, помлади младинки (повеќе од 5(минимум 2 сениорки) – 35 бода, 4(минимум 1 сениорка) – 30 бода, 3 – 20 бода, 2 – 10 бода, 1 – 5 бода).

 

Рангирање на клубовите од страна на Комисијата за рангирање при КФСМ

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ
Рб Човечки ресурси во клубот Број на активни/регистрирани спортисти Пласман во домашни првенства Остварен плсман во меѓународни настапи Рангирање во сениорска конкуренција Домашни – странски играчи Медиумска застапеност на сениорска екипа Број на репрезентативци ВКУПНО
од 2-10 бода од 5-40 бода од 5-50 бода од 10-50 бода од 10-50 бода од 10-50 бода 5 бода СТРЕАМ, 10 бода ТВ национална од 5-35 бода
33 Бадел 1862 10 10 50 / 20 50 10 35 185
34 Баскет кам 10 10 35 10 20 35 10 35 165
35 Вардар 8 5 50 / 20 35 10 30 158
36 Крива Паланка 10 20 20 10 10 50 5 20 145
37 Струга 10 10 20 / 10 35 5 30 120
38 Трокал 4 15 20 / / 50 5 20 114
39 Шкупи 10 10 20 / 10 50 5 5 110
40 МЗТ Скопје 10 10 20 / / 35 5 30 110
41 Пробаскет 10 10 20 / / 50 10 10 110
42 Куманово 10 / 5 / / 50 5 30 100
43 Гостивар 10 5 20 / / 50 5 5 95
44 Работнички 10 5 5 / / 50 10 10 90
45 Пантери 4 / / / / 50 5 5 64
46 Про баскет Пробиштип 6 5 5 / / / / / 16
47 Тим Арена 6 / 5 / / / / / 11

 

 

 Споредбена анализа за доделени ваучеви 2021/2022

Споредбена анализа за одобрени ваучери (2021 / 2022)
Рб Клуб Износ 2021 Износ 2022 2021 / 2022 %
1 ЖКК Бадел 1862 2,900,000.00 2,850,000.00 -1.72
2 ЖКК Вардар 2,600,000.00 2,250,000.00 -13.46
3 ЖKK Баскет Кам 2,300,000.00 2,550,000.00 10.87
4 ЖКК Струга 2009 2,300,000.00 1,750,000.00 -23.91
5 ЖКК Крива Паланка 1,700,000.00 2,150,000.00 26.47
6 ЖКК Трокал 1,400,000.00 1,550,000.00 10.71
7 ЖКК Шкупи 900,000.00 1,450,000.00 61.11
8 ЖКК Про Баскет 700,000.00 1,450,000.00 107.14
9 ЖКК Патриот 2016 700,000.00 0.00 -100.00
10 ЖКК Гостивар 2009 700,000.00 1,050,000.00 50.00
11 ЖКК M3T Скопје Аеродром 500,000.00 1,450,000.00 190.00
12 ЖКК Пантери (ПБЦ) 300,000.00 500,000.00 66.67
13 ЖКК Работнички 0.00 1,000,000.00
14 ЖКК Куманово 0.00 1,100,000.00
Вкупно жени 17,000,000.00 21,100,000.00
Процент од вкупно одобрени средства за кошаркарски клубови 13.77% 16.49%

 

12.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862