Добриот глас далеку се слуша! Традицијата, квалитетот, визијата, остварувањето на зацртаните цели, професионалниот однос кон работата не познаваат граници и претставуваат лесно препознатливи вредности!

ЖКК Бадел 1862 во своето 40 годишно постоење и делување следејќи го патот на најуспешните во меѓународни рамки, постави и практикува стандарди коишто го доведоа до репрезент број 1  на македонската женска кошарка во и надвор од границите на нашата земја.

Успешоста и исправноста на патот по којшто се движи ЖКК Бадел 1862 секојдневно наидуваат на симпатии и одобрување во меѓународни рамки.

Одекот на професионалната мисија на ЖКК Бадел 1862 пред извесно време беше препознат од Фондација Полимарк, Белград, дел од фабриката за производство на храна Полимарк.

Фабриката Полимарк е основана далечната 1989 година и успешно е застапена како во Србија, така и во многу други држави, меѓу кои и Македонија. Благодарение на одличниот квалитет на своите производи, визијата и добрата внатрешна организација, Полимарк успева да се избори на пазарот со својата конкуренција. Прогресот на Помирак секогаш зависеше од наклонетоста и задоволството на крајниот потрошувач од понудените производи на пазарот, состојби коишто имаа пресудно влијание во формирањето на Фондација Полимарк. Нејзината основна цел е да помага на луѓето, а посебно на младите коишто се нашата иднина.

Управителот на Фондација Полимарк, нашата поранешната кошаркарка, Г-ѓа Биљана Николиќ Старчевиќ заедно со Г-дин Воин Старчевиќ, сопственик на Полимарк – Белград, донесоа одлука за донација на спортска опрема на ЖКК Бадел 1862.

Логото на ПОЛИМАРК  на нашата спортска опрема ќе претставува голема чест, обврска и дополнителен мотив за уште поголем професионален дострел на кошаркарските терени во и надвор од границите на нашата земја.

На крај, сакаме да му се заблагодариме на нашиот нов пријател, со  желба за успешно и долго пријателство!

Вредностите од далеку се гледаат!

Додека чекаме истите да се забележат и одблиску,  ЖКК Бадел 1862 продолжува по зацртаниот пат кон остварување на поставените цели за доброто на македонската женска кошарка!

💙💛  ЖКК БАДЕЛ 1862  💙💛 ПОЛИМАРК 💙💛

02.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862