Време за одмор нема! Во Четврток , во рамките на К05 од WABA Суперлигата, наши гостинки ќе бидат кошаркарките на Будуќност Бемакс од Подгорица, Црна Гора.

Ќе ја угостиме екипата од којашто во К01, во драматична завршница претрпевме незаслужен пораз во Подгорица, осакаени од Ковид 19, натпревар којшто го одигравме со 6 кошаркарки!

Во меѓувреме, на здравстеното поле, после темните облаци, во погонот на баделки огреа и сонце. Здравствениот билтен е значително подобрен, а формата е во нагорна линија. Минатиот Четврток во “Дуња” го совладавме Триглав, пред два дена и Вардар во домашното првенство. После повеќемесечна пауза на терените се врати и нашиот капитен, Сања Адамовска!

На гости ни доаѓа Будуќност Бемакс, еден од претендентите за највисок пласман во WABA лигата. Во досегашниот тек од првенството има остварено 9 победи и 1 пораз (од Цинкарна Цеље) и се наоѓа на делба на првото место во Суперлигата. Просечно постигнуваат по 83 поени/натпревар, остваруваат по 43.5 скока/натпревар, 22.9 асистенции/натпревар, 12.4 украдени топки/натпревар.

Mina Djordjevic е најдобриот поентер со 16.9 поени/натпревар и остварува најмногу скокови, 10.1/натпревар. Dragana Zivkovic е најдобар асистент со 6.7 асистенции/натпревар.

Четврток е денот кога баделки ќе се обидат да и го нанесат вториот пораз на екипата на Будуќност Бемакс. Атмосферата во тимот, самодовербата, значително зголемениот ростер, формата се гаранција дека баделки ќе дадат се од себе во обидот за нова Суперлигашка победа!

Ги покануваме љубителите на кошарката, во Четврток во 19:00 часот во спортската сала Независна Македонија да ги подржат баделки во остварување на уште една победа во борбата за што подобар пласман во WABA Суперлигата!

 

💙💛  СРЦЕ НА ТЕРЕН!   💙💛

💙💛  НАПРЕД БАДЕЛ!   💙💛

02.02.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862