СРЦ Кале (мала сала) ќе биде мегданот кадешто во Недела, со почеток во 17:00 часот, ќ се одигра традиционалното скопско дерби помеѓу ЖКК Вардар и ЖКК Бадел 1862, натпревар којшто е во фокусот на кошаркарската јавност.

Наков, Деловска, Пејковска против Стојановска, Трајчевска, Кметовска!

Баделки ја играат сезоната од соништата. И покрај сите здравствени згоди и незгоди, замор, напорни натпревари и патувања,  на крилата на блескавата партија против Триглав во WABA Суперлигата, се во поход на 13-та победа во 13-от натпревар во домашното првенство.

Очекуваме квалитетен и возбудлив натпревар, натпревар којшто ќе го оправда епитетот дерби и секако победа на баделки, победа којашто дополнително ќе ја зголеми самодовербата пред натпреварот од WABA Суперлигата против Будуќност Бемакс, во Четврток во Скопје.

💙💛  СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!   💙💛

29.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862