Во рамките на К04 од WABA Суперлигата, наши гости ќе бидат кошаркарките на Триглав од Крањ, Словенија.

Во групната фаза од WABA лигата, Триглав се натпреваруваше во Групата А кадешто со скор 5/5 го освои 4-то место. Во досегашниот тек од првенството, кошаркарките од Крањ шутираат за 2 поени со 46.5% успешност, 29.3% за 3 и 71.9% од линијата за слободни фрлања. Просечно остваруваат по 35.9 скока/натпревар, 17.2 асистенции/натпревар, 8.8 украдени топки, а во просек имаат и 19.5 грешки/натпревар. Rebeka Abramovic е најефикасна со просек од 15.9 поени/натпревар, Lara Kozina Bubnic е најдобар скокач со 7.4 скока/натпревар. а Manca Vrecer е најдобар асистент со 4.0 асистенции/натпревар.

Пред баделки е сериозен испит. Срце, желба, знаење и мотив за остварување на посакуваната цел, прва Суперлигашка победа, имаат!

Преостанува да им ја дадеме поддршката од трибините во Вторник, 25.01.2022 година во спортската сала Независна Македонија, да бидеме 6-ти играч, ветер во грб….бидејќи тоа го заслужуваат!

Натпреварот започнува во 19:30 часот.

💙💛  СО СРЦЕ ЗА БАДЕЛ!   💙💛

24.01.2022

ЖКК БАДЕЛ 1862